Соопштение за јавност
Осврнувајќи се на прашањата со Република Бугарија, потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во емисијата „Анализа 24“ истакна дека она што се случува сега во односите со Бугарија е засилена соработка и зближување на двете земји.
„Гоце Делчев е македонски херој кој не смее да се сведува на декларација. Треба преку конкретни чекори да го покажеме во пракса живеењето на неговите идеали. Неговата изрека го разбирам светот како поле е токму тоа. И тоа во моментов се случува, се случува соработка и ние и бугарската страна разговараме за проекти, за нова авио линија, вечерва и министерот за транспорт Бочварски, објави дека постигнале нови важни договори во интерес на двете земји, договори за увозни квоти, кои ќе го подобрат стопанството, се разговара за културни размени за образовни размени. Мислам дека ова се начините на кои што ликот и делото и на Гоце Делчев и на сите дејци од 1903, но и на сите дејци од АСНОМ периодот, периодот во поновата историја на Македонија, треба преку конкретни чекори да ги покажуваме во пракса, да не ги симболизираме и да не ја сведуваме целата приказна за Гоце Делчев на поштенска марка или на симболична пара.“ посочи Богоев.
Не треба да влегуваме во замка на историјата, додаде Богоев, туку од историјата треба да учиме, но историјата да не ни биде сопка за во иднина.
Одговарајќи на прашање за односот на ВМРО-ДПМНЕ потпретседателот Богоев истакна дека од ВМРО-ДПМНЕ очекувал конструктивност и наместо да се фокусира на декларацијата партијата можела да се приклучи во работата на комисиите.