Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Денешното признание на Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Мартин Протоѓер е потврда за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, за сите изборни измами на режимот предводен од Никола Груевски.
Злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на пари, тоа содржи обвинението во предметот ,,Титаник “.
Денешните признанија се показател како ВМРО-ДПМНЕ со години ја фалсификуваше изборната волја и како биле злоупотребени парите на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение и тоа по признание на нивни високи функционери.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ денеска нема право да зборува за ништо освен да се извини и да ги врати парите што ги грабаше од граѓаните.