fbpx

100 дена катастрофално владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, нивните градоначалници се најнеуспешните градоначалници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

100 дена ВМРО-ДПМНЕ е на власт во најголем дел од општините, тоа се 100 дена неуспеси и неработење од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните во овие 100 дена од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ видоа само партизација на општините и оправдувања за неработењето.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа неспособни и алчни. Тие се грижат само за своите, се грижат за тендери и набавки а бараат пари од Владата за струја и парно.

Неспособноста на градоначалниците ја покрива владата, 100 дена само барања за финансиска помош додека се трупаат партиски вработувања по општинските администрации.

Ако денот се познава по утрото, првите 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катаастрофа во локалните политики.

Наследија функционални општини, полни буџети и започнати проекти, но не реализираат ништо.

Тоа со сигурност ги прави најнеуспешни градоначалници кои ги лажат нивните сограѓани и ја изигруваат нивната доверба.

Последни вести