fbpx

Мицкоски најавува нови блокади знае и самиот дека не може со ништо да ја покрие неспособноста на неговите градоначалници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Наместо конструктивност, идеи и мерки, Христија Мицкоски најавува нови блокади и деструкции во Собранието, на штета на граѓаните.

Мицкоски и денеска пропушти да одговори за сведоштвата на неговите некогашни сопартијци во предметот „Титаник“.

Уште еднаш Мицкоски потврди дека не му се важни ниту наставниците, ниту пензионерите, ниту граѓаните, тој сака со блокади да ја прикрие неспособноста на неговите градоначалници.

На локално ниво градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо освен што ги партизираат општините, во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ срамно ги блокираат измените на законот кој обезбедува повисоки плати во образованието и трајно вработување на 4.700 наставници и стручни соработници.

Ете тоа е учиникот на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. Партија секогаш против граѓаните, против интересите на државата.

Залудни се сите обиди за блокада на ВМРО-ДПМНЕ, законите кои се во интерес на граѓаните, ќе бидат донесени.

Последни вести