Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ Зоран Заев синоќа оствари средба со претставници на угостителството од Скопје, на која беше разговарано за актуелната состојба во земјава со посебен акцент на угостителскиот сектор, реалните потреби, сугестии и идеи за подобрување на истите.
На средбата се разговараше за предлози од страна на угостителите кои би имале големо значење за овој сектор и би допринеле за негово подобро функционирање.
Изедначување на работното време до 1 часот по полноќ за сите 365 дена во годината, воведување интервентна полиција која ќе обезбедува ред во ноќниот живот особено пред поголемите локали, при продажба на храна, нивелирањето на ДДВ да е со 10% , унифициран правилник за тераси и продажба на цигари во локалот по цена која тие ќе ја одредат се дел од предлозите на кои угостителите дадоа посебен осврт.
Угостителите покажаа задоволство од донесеното решение за ЗАМП и предложија одредување на паушал кој би се плаќал на почетокот на година во насока на заштита од нанесување на штета од вработени во угостителските објекти кое решение би било уредено со Законот за прекршоци.
Од страна на претседателот Заев беше посочено дека барањата на угостителите се прифатливи и ќе бидат внесени во изборната програма на СДСМ и дополнително понуди решенија на проблеми со кои се соочува овој сектор во нашата држава, а тоа е недостигот на работна сила поради одливот во други земји.
Претседателот Заев предложи носење на законски решенија кои ќе значат создавање можности преку внес на работна сила од надвор по примерот на многу европски земји.
Претседателот Заев изрази подготвеност и за изедначување на ДДВто за храна во угостителските објекти од 10% .
Средбата на претседателот Заев и претставниците на угостителскиот сектор беше оценета како позитивна. Политиките на СДСМ биле и остануваат да бидат насочени кон економски раст и развој на државата, а во голем дел тука учествува и угостителството како гранка.