fbpx

Мицкоски ги правда сите кои ја поддржуваат агресијата врз Украина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Според скандалозната изјава на Мицкоски, сите кои ја поддржуваат агресијата на Русија врз Украина тоа го направиле поради тоа што читале „статуси од Заев, од Ахмети, од Артан Груби, од Османи , Ковачевски, Пендаровски и „слава Украини“.

До вчера Мицкоски велеше дека е за заштита на територијалниот интегритет на Украина, за вечерва да ги оправдува оние кои ја поддржуваат воената агресија врз Украина.

Колку голема е фрустрацијата на Мицкоски штом дава вакви изјави?

Наместо да побара обединување околу вредностите зад кои стои целиот демократски свет Мицкоски го дели македонското општество.

Дали Мицкоски се обидува да го следи неговиот партнер Димитар Апасиев кој веќе ги користи зборовите на Путин?

Едно е сигурно, ова е манифестација на политички незрел човек, без основно чувство на државност и без можност да ги процени последиците од своите незрели изјави.

Последни вести