Соопштение за јавност
Извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски не успеа да го реализира налогот на својот шеф од Будимпешта.
И покрај сите блокади, кочења, противења, извршителот Мицкоски не успеа во својата мисија да го одбрани криминалот.
Законот за Јавно обвинителство важен за правната држава, важен за европската иднина, влезе во собраниска процедура.
Со него нема скриена амнестија за криминалот на режимот, има одговорност за сите.
Законот за Јавно обвинителство значи правна разрешница за сите судски случаи во кои обвинети се поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, а меѓу нив и Никола Груевски, шефот на извршителот Мицкоски.
Пратениците во Собранието треба да се стават на страната на правдата, на страната на сигурната иднина и да гласаат за ова законско решение, да се постигне потребното мнозинство во Собранието.
Да го потврдиме европскиот пат на нашата земја и заедно да ја потврдиме нашата стратешка определба за обезбедување правна држава