fbpx

Младите од СДММ се активни за повеќе можности за младите жени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДММ исто како и Форумот на жени на СДСМ е силно посветен на унапредување на статусот на жената во општеството и повеќе можности за младите жени, истакна членката на ИО на СДММ, Далила Чекиќ на трибината „Активни, Еднакви, Гласни“ во организација на Форумот на жени на СДСМ.

„Она што јас го знам, и го чувствувам е дека жените конечно го добиваат заслуженото место во општеството. Секако дека претстојат бројни предизвици но како млади, како жени, подготвени сме да работиме уште повеќе посветено во остварување на нашите цели.

Тука пред се мислам на борбата против родово базираното насилство. Не така одамна бевме сведоци на случајот Јавна соба, за што судскиот процес е при крај и драконски казни за виновниците ќе дадат пример за во иднина вакви случаи да не се повторуваат.

Важно е унапредувањето на женското здравје, на достапноста до производи до менструална хигиена. Ние како СДММ постојано ја подигаме свеста особено меѓу младите за грижата за репродуктивното здравје, а имаме поднесено и иницијатива за намалување на ДДВ за менструални производи.

Ги повикувам сите млади жени, да бидеме гласни, да бидеме активни затоа што на тој начин ќе бидеме и еднакви. Верувам дека ќе продолжиме уште посилно, затоа што знам дека можеме и повеќе.“ порача Чекиќ.

https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/636812914279079

 

Последни вести