fbpx

Економијата е стабилна, расте извозот и бројот на вработени во Технолошко индустриските развојни зони

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонската економија е стабилна и конкурентна на европскиот пазар.

Тоа го покажуваат официјални податоци објавени од државните институции.

Според податоците од Дирекцијата на технолошко – индустриските развојни зони, извозот во месец февруари изнесувал 340 милиони евра, што е за 30 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година.

Истовремено, раст од четири отсто бележи и бројот на вработени. Во компаниите во зоните денес се вработени 14.430 граѓани.

И покрај глобалната економска и енергетска криза, се очекува бројот на вработени во ТИР зоните дополнително да расте. Во 2021 година постигнати се договори за инвестиции во вкупен обем од 188 милиони евра кои треба да донесат нови 2700 работни места, а овие инвестиции со работа треба да започнат во текот на оваа година.

Владата предводена од СДСМ преку одговорен и ефикасен пристап продолжува да создава услови за нови странски директни инвестиции кои носат нови добро платени работни места.

Остануваме посветени на реализација на мерките и политиките што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и овозможуваат услови за забран економски раст.

Последни вести