По којзнае кој пат се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружување.
Денешните признанија на обвинетите во судскиот случај „Дизајн“ потврдуваат дека набавката на кинеските автобуси вредна 5 милиони евра, е незаконска, на штета на Градот Скопје и на штета на граѓаните.
Иста таква набавка најавува и Христијан Мицкоски – без надлежности, без утврдени услови и критериуми, во име на Данела Арсовска преговара за набавка на нови автобуси.
Денешните признанија треба да бидат дополнителен мотив, надлежните институции да постапат, да ги истражат сите наоди и да спречат нова криминална набавка на штета на граѓаните.