Соопштение за јавност
Арсовска вчера ги потврди диловите кои Христијан Мицкоски јавно ги соопшти, за тендери за автобуси во Скопје.
Арсовска нема одговор од кого Мицкоски добил овластување и во кое својство, како претседател на политичка партија преговара за јавна набавка на локална самоуправа со парите на скопјани.
Јавноста заслужува да знае дали реализацијата на проектот БРТ за еколошки и ефикасен јавен транспорт во Скопје е стопиран од Арсовска заради диловите на Мицкоски?
Признанието на Арсовска отвара сериозен сомнеж за корупција и криминал и претставува дополнителна причина надлежните институции да постапат и да го истражат овој случај.