fbpx

Собранието ги изгласа законските измени, следува реализација на владините антикризни мерки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Собранието ги усвои потребните законски измени за акцизите и за ДДВ, кои ги предложи Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, со што се исполнети правните услови за реализација на владините антикризни мерки.

Со сетот од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го штитиме стандардот на граѓаните, а ги помагаме и компаниите, стопанството.

Го укинуваме ДДВ за основните производи храна. Со оваа мерка се опфатени лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот.

Ги укинуваме царинските давачки за увоз на основните прехранбени производи.

Ја намаливме и акцизата за горивата и го намалуваме ДДВ за енергенси од 18 на 10%.

Ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија, ги поддржуваме ранливите категории на граѓани за струја и купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни.

Обезбедивме мерки и за заштита на ликвидноста на компаниите и финансиска поддршка на стопанството.

Дополнително, досега ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, обезбедивме помош од 3.000 денари за пензионерите и рекордно ги зголемивме пензиите.

СДСМ како одговорна партија и во време на најголема криза парите ги насочува онау каде што се најпотребни, кон заштита на стандардот на граѓаните и економијата.

Последни вести