fbpx

Претседателот Заев од Арачиново: Преку намалување на трошоците на граѓаните, повеќе од 10 милиони евра остануваат во семејните буџети

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Општина Арачиново долги години имаше лош епитет во јавноста и со години беше запоставена. Но во 2016 кога го понудивме концептот на едно општество Арачиново беше првата општина која го прифати и која прва се приклучи кон промените. Општина Арачиново е раздолжена за повеќе од 15 милиони денари, ги врати старите долгови и се враќа во нормала на живеење“, рече во своето обраќање кон граѓаните на Арачиново претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Низ конкретни мерки и политики претседателот Заев ги потврди заложбите за намалување на економскиот јаз помеѓу граѓаните во различни региони, помеѓу селата и градовите.  

„Ја покачивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, расте просечната плата и веќе за речиси 3.000 денари е повисока во споредба од 2017 година. Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто, платите во сите сектори вклучително и во приватниот сектор постојано растат. Пензиите од овој месец растат за 722 денари кај секој пензионер“, рече претседателот Заев и додаде дека преку укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтина тарифа на струјата, намалувањето на казните и отписот на камати на долговите кон сите јавни институции, граѓаните штедат повеќе од 10 милиони евра кои остануваат во нивните семејни буџети.

„Секоја мерка секоја политика што ја презедовме е со цел да се обезбеди повеќе пари во семејните буџети. Затоа што кога граѓаните имаат, тогаш има и државата. Ќе продолжиме да вложуваме во човечкиот капитал, да продолжат да растат платите и пензиите, да се отвораат нови работни места, да се создава се повеќе шанса за младите да останат во својата земја“, подвлече претседателот Заев.

Меѓу другите инфраструктурни проекти во општина Арачиново, се истакна изградбата на детска градинка со површина од 1.392 метри квадратни, во вредност од 50 милиони денари и со капацитет од над 100 деца на возраст до 6 години.

Во делот на образованието, успешно се реализирани целосната реконструкција на уилиштето „Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу“ од под до кров; и воведувањето на централно греење во училиштето „Бајрам Шабани“, со што е решен повеќегодишен проблем на учениците.

„Затоа верувам дека Арачиново на 12 април повторно ќе биде на вистинската страна и ќе продолжи на вистинскиот пат, а тоа е пат на повисоки плати, нови инвестиции, нови вработувања и повисок животен стандард за сите. Заедно со вас ќе продолжиме да градиме држава и општество на еднакви можности за сите“, им порача претседателот Заев на граѓаните во Арачиново.

 

Последни вести