Соопштение за јавност
На вечерашната трибина организирана од СДСМ, посветена на енергетиката, директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски истакна дека најголемиот предизвик на компанијата е како да се зголеми производството на обновливи извори.
Ковачевски информираше дека АД ЕСМ е најголемиот производител наелектрична енергија во државата изадоволува 70 проценти од вкупнитепотреби, термоелектраните учествуваатсо околу 75 проценти, 22хидроелектраните и само 3 проценти се од обновливи извори на енергија.
“Можам да се пофалам дека во изминатите две години сериозно се посвети внимание на изготвување проекти и на подготовка за нови инвестиции за производство на енергија од обновливи извори. Сакам да кажам дека со крајни напори успеавме да имаме почеток на првата фотонапонска електрана во државна сопственост, инвестиција на АД ЕСМ во вредност од 7 милиони евра, којашто ќе се изгради во големина од 10 мегавати во постојниот рудник на термоелектраната Осломеј.
И тука не застануваме, за Осломеј се планираат уште 10 мегавати и за две недели ќе почне и тендерската постапка. 20 мегавати во термоелектраната Осломеј ќе имаме фотоволтаична електрана, но исто таква сакаме и можеме да ја направиме и во Битола во рамките на комбинатот РЕК Битола . Тоа значи дека полека правиме енергетска транзиција и јас би рекол не транзиција, туку ќе го користам зборот трансформација. Ние мора да се трансформираме и производството од јаглен да го преструктуираме во производство од сонце, од ветер и од вода. Прво поради европските регулативи кои не обврзуваат, но пред се поради нас”, рече Ковачевски.
Ковачевски истакна дека АД ЕСМ го начекале во очајна и катастрофална состојба.
“Начекавме голема катастрофа и со натчовечки напори успеавме да ги санираме штетите, да го зголемиме производството да ги намалиме трошоците, да инвестираме во екологијата. Се зголеми профитот ипроизводство”
Покрај очајна финансиска состојба, Ковачески кажа дека и еколошките процеси биле запоставени целосно.
“Во 2017 еколошките процеси во РЕК Битола беа очајни, катастрофални. Онашто го ветивме во 2016 година сериозносе посветивме да работиме онака какошто треба, професионално по закон, попропис. Самото одлагање на пепел сегасе одвива како што треба по проект. Ако начекавме 37 илјади метри квадратни непокриени површини со пепел, денес тие се движат во рамките од 3 до 5илјади, во нормалните рамки напроизводствениот процес. Инсталиравмесистем за прскање, направивме новакасета Бедем за одлагање на пепел однад 1 милион евра. Ги угасивме ситежаришта во рудникот. Тука вработенитезнаат, не можеше да се дише ворудникот. Стотина жаришта имаше итолку чад што не беше возможно да сеработи”