Соопштениеза јавност
Собранието на Република Северна Македонија денеска го усвои Законот за управување со отпадот, со кој се забранува увозот на отпад кој се користи како извор на енергија.
Како што ветивме пред граѓаните, пратниците на СДСМ и коалицијата го поддржаа ова законско решение кое важно во борбата за зачувување на здравата животна средна.
СДСМ е одговорна партија и се грижи за заштита и унапредување на животната средина, и со тоа за заштита на здравјето на граѓаните.
Ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, во нашата држава, после долги години се преземаат вистински мерки за управување со отпадот, вистински мерки за заштита на животната средина.
Како одговорна партија остануваме целосно посветени на системски мерки и решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.