fbpx

Локвенец на „Топ тема“: Не бегаме од избори, ВМРО ДПМНЕ бега од Законот за обвинителство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

„Ако ние имавме страв од избори немаше да понудиме тие да се спроведат уште во декември, уште тогаш бевме подготвени да го провериме рејтингот кај граѓаните. Аргументите се немилосрдни, фрапанатни во позитивна смисла. И на меѓународен план и на економски. Сите бројки упатуваат на тоа дека, не смее да се зборува, дека ние бегаме од избори. Зборуваме за аргументи, не за впечатоци. Зборуваме за бројките и нив ги споредуваме и тие покажуваат одлични резулатати за СДСМ.  Препораките од еврокомесарот за проширување на ЕУ и сите други препораки беа во насока да се донесе законот за јавно обвинителство“- изјави пратеникот Хари Локвенец во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Во однос на информациите во јавноста дека изборите ќе се одложат ако не се донесе законот за јавно обвинителство, Локвенец појасни дека СДСМ не сака одложување на изборите, туку само на процедурата за избори.

„Не станува збор да ги одложиме изборите, туку да видиме дали можеме да ја одложиме одлуката за распишување на изборите. Сме имале и претходно изборни циклуси кога изборите се распишувале 50-тина дена пред нивното одржување и ако ги следиме овие примери, тогаш имаме уште некој седмица за да го донесеме законот“- дополни Локвенец.  

Следува амандманската расправа за законот, а ВМРО ДПМНЕ упорно избегнува да достави амандмани и да ги вметне забелешките на законот. Тие постојано зборуваат дека нема да го гласаат законот ако не им се прифатат забелешките, а не сакаат да ги достават официјално.

„Формирање на работна група сега, после две години преговори, е далеку од умот. На јавната расправа во парламентот неподелено беше мислењето дека е неопходен овој закон, а забелешките беа во финесите на законот.  Има пратенички групи кои доставија амандмани и ќе ги дебатираме. ВМРО ДПМНЕ не дозволува по ниедна цена да се донесе законот. Стравот од одговорноста и од владеење на правото е главната причина зошто опозицијата бега, еднаш со одложување на состаноците, друг пат со непристојни предлози и така во круг, само за да купат време и да опструираат и на крај да немаме закон“ – заврши Локвенец. 

Последни вести