fbpx

Деспотовски во „Само вистина“: Младите решиле да и дадат шанса на државата, им враќаме со вистинска политика и вистински мерки!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Во вечерашното гостување на „Само Вистина“ на Канал 5, членот на ЦО на СДСМ и директор на Фондот заиновации Јован Деспотовски истакна дел од конкретните постигнувања и идните можности и проекти чија цел е што повеќе млади да останат во земјата. 

„Во комуникацијата, особено за тековниот повик којшто е за стартап компании, настојуваме да ги поттикнеме и векувам дека успеваме. Бидејќи има интерес, еве конкретно, повикот е отворен до 25 февруари, го финансираме заедно со Светската банка, веќе имаме некаде околу 500 пријавени и поддигнати апликациски пакети, што е добро, минатиот пати имавме некаде околу 200. Од она што го видов минатиот, пат сакам да верувам дека и сега грото ќе бидат млади луѓе, кои сепак решиле да и дадат шанса на државата да им помогне да реализираат свој бизнис тука“, нагласи Деспотовски во „Само Вистина“.

Деспотовски најави дека во наредниот период, во новиот мандат 20 – 24 ќе се настојува да се искористиме искуството и заењето на тие кои што веќе заминале и се успешни. „Да го искористиме велам, да ги привлечеме да помогнат и тука, а понатаму во втора фаза, што ќе биде доста амбициозен проект – дел од нив и да ги вратиме назад. Со политика да, но не со политика ВМРО – СДСМ, туку со вистинска политика и вистински мерки за да ги поттикнеме да размислуваат и да го направат тој чекор. Тоа е нешто на кое што работиме во новата програма“, најави Деспотовски.

Меѓу другото, членот на ЦО Деспотовски ги коментираше и состојбите со предлог-законот за ЈО и последните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за политичка криза. Ако Мицкоски посакува криза, државата може да се движи во тој правец, но таква уцена би била неоговорна.  

„Ако еден од клучните актери на политичката сцена како што е Мицкоски најавува или посакува политичка криза тогаш несомнено државата може да се движи во тој правец. Носењето на одредени клучни законски проекти не може да биде изговор и не може да биде условувани или уценувано со политичка криза и со креирање на политичка криза. Ако се залагаме мислам дека сега е време да покажеме дека сме си достојни на задачата. Мислам дека е благо кажано неодговорно да се закануваме со криза доколку не биде по наше“, нагласи Деспотовски за време на ТВ дебатата.

Во врска со Договорот од Преспа, Деспотовски во ТВ дебатата му реплицираше на соговорникот од ВМРО-ДПМНЕ дека токму тие што го негираа со потпишувањето ги признаа македонскиот народ и јазик, а дека неговата партија  е таа што го проблематизира идентитетот „Најдобро од сè е – и тие што највеќе го негираат тоа потпишаа дека е така, јас стварно не гледам проблем зашто вие си го правите проблемот со идентитетот? Кој го проблематизира тоа? Тоа го затворивме и навистина не гледам причина постојано и постојано да се враќаме и да си измислуваме зашто е тоа проблем“, поентираше Деспотовски.

Последни вести