Соопштение за јавност
СДСМ покажува вистинска грижа за пензионерите.
Започнува етапната исплатата на мартовските пензии за околу 330.000 пензионери.
Секој пензионер дополнително ќе добие и 1.000 денари помош во справувањето со последиците од кризата, кои можат да се искористат за купување основни намирници или плаќање сметки, а оваа финанскаска помош ќе трае во следните три месеци.
Одговорните поликити на СДСМ обезбедија стабилност на пензискиот фонд, континуиран раст на пензиите и нивна навремена исплата.
Во последните четири и пол години со СДСМ пензиите се зголемени за над 2.000 денари, а веќе од септември следува ново историско највисоко покачување на пензиите, благодарение на новата методологија.
Продолжуваме со вистинска грижа и заштита на стандардот на граѓаните. Повеќе пари во семејните буџети и поддршка на домашната економија се приоритетите од кои се води СДСМ.