fbpx

Богоев: Политичко образование и медиумска писменост е потребно за поттикнување на младинскиот активизам

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Изминатите 30 години во нашето образование има политичко, но не образование, туку повеќе влијание и затоа навистина ни треба политичко образование, истакна потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, во рамките на конференцијата на тема „Вклучување на политичкото образование во образовниот систем“.

Тој нагласи дека треба да се стави акцент на медиумска писменост, како клучен сегмент во ерата на социјалните мрежи, која, за жал е и ера на лажни вести, коишто ја извртуваат вистината до неверојатен степен, која потоа станува вистина за младите.

Политичко образование е потребно учениците, средношколците, младите да се запознаат со политичкиот спектар, дали се пронаѓаат некаде, во левица, десница, во центар но пред се треба политичко образвоание за да можат и младите да бидат едуцирани и обучени, самите да направат разлика дали лидер на партија, што се вика Левица се залага за левичарски вредности или се залага за нешто друго, истакна Богоев.

Тој ја нагласи потребата од политичкото образование за поттикнување на младински активизам, којшто претставува мотор и двигател на позитивни промени во општеството.

Да се потсетиме дека, да не беа младите, средношколци и студенти, промената во државата немаше да започне, тие беа авангарда и предвесник на сите промени во општетството кое се случија во изминатите пет години, рече Богоев.

Потребна е широка јавна дебата, за да се изнајдат модалитетите како, но дефинитвно има потреба потреба од политичко образование во нашиот образовен систем, порача потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, во рамките на конференцијата на тема „Вклучување на политичкото образование во образовниот систем“.

Последни вести