fbpx

Го прошируваме Интервентниот фонд за земјоделство, поголема поддршка за земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ презема мерки за помош и поддршка на домашното земјоделство во време на најголема глобална криза, кога и цената и побарувачката на важни земјоделски производи е на високи ниво.

За таа цел ја воведовме Програмата за интервентен фонд за земјоделството, во вредност од 250 милиони денари, средства кои во голем дел ќе бидат наменети за поддршка на сточарството и за растителното производство.

Годинава е направено усогласување на износот за реализација на мерката „зелена нафта“, кој е зголемен за 13%.

Она што е особено важно е што овој Интервентен фонд го прошируваме со нови мерки за поддршка на земјоделците.

Обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед и пченка.

Минатата недела, исплатени се над 450 милиони денари субвенции за полјоделски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка.

СДСМ како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки кои обезбедуваат квалитетно домашно земјоделско производство.

Последни вести