Соопштение за јавност
Нервозната реакција со која ВМРО-ДПМНЕ го брани својот шеф Христијан Мицкоски, дополнително отвора сомнежи за вистинските мотиви за неговата посета на Будимпешта.
Секому веќе му стана јасно дека ВМРО-ДПМНЕ е раководена од Будимпешта па затоа оправдани се сомневањата дека Мицкоски заминал во посета на Никола Груевски по нови насоки и задолженија.
Особено сега, кога повеќе од актуелен е случајот „Плацеви на Водно“ во кој првообвинет е токму Никола Груевски.
Токму ВМРО-ДПМНЕ е субјкет кој најмногу треба да се интересира за овој случај, затоа што постојат отворени сомнежи дека имотите се купувани со парите наменети за членарина.
Ниту една нервозна реакција од Белиот дворец не може да го покрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на браникот на криминалот, секогаш на спротивната страна од интересите на граѓаните.