Соопштение за јавност
Покрај тоа што не гласаа за потребата од носење по скратена постапка на Законот за социјална заштита, ВМРО-ДПМНЕ денеска застана и против административните службеници.
ВМРО-ДПМНЕ преку својот координатор денеска во Собранието побара од дневен ред да се тргне Законот за административни службеници.
Со измените на овој Закон се предвидува ниту еден административен службеник да не зема плата пониска од 18.000 денари.
ВМРО-ДПМНЕ е против помош за ранливите категории граѓани, против повисоки плати на службениците, оваа партија знае само да блокира и да штити криминал.