fbpx

Со ништо не може да се прикрие неспособноста и лошото менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ и на Арсовска со Град Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со ниту една лага и манипулација не може да се прикрие неспособноста, лошото менаџирање и неработењето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните партиски поставени кадри за директори на јавни претпријатија.

За само неколку месеци покажаа дека тие се грижат само за лични и партиски интереси, а парите на граѓаните ги трошат за расипнички набавки на скапи телефони и компјутери, сокови, чоколадни бонбони и партизација на општините.

Додека градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска троши 670.000 евра за партиски вработувања, во ЈП „Лајка“ вработените со месеци немаат земено плата.

Поради лошото менаџирање нема соодветни набавки на храна и медицински материјал и под знак прашање е доведено функционирањето на Лајка.

ЈП Лајка, кое е клучно за хуман третман и згрижување на бездомните кучиња, заживеа во време на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, со нов концепт и систем на работа во нов, модерен стационар по сите светски стандарди.

Поради недомаќинско работење и лошо менаџирање од Арсовска, за само неколку месеци се заканува враќање на старите проблеми со Вардариште, нехуман третман и повторно зголемување на уличните кучиња во градот.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ја манипулираат јавноста и општинските средства да ги користат за партиски вработувањa, треба веднаш да ги исплатат сите заостанати плати на вработените во ЈП Лајка, да се набави храна и медицински материјал и да се обезбеди нормално функционирање на стационарот.

Последни вести