Соопштение за јавност
Ниту еден паушален предлог, ниту една лажна загриженост не може да го сокрие фактот дека СДСМ во изминатите неколку години во договор со сите засегнати страни ги покачува платите во сите сектори.
Во исто време, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се противеше и се уште се противи на секое зголемување на платите.
Официјални податоци ја покажуваат разликата во работењето на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Денес минималната плата изнесува 18.000 денари, што е за речиси 10.000 денари повеќе отколку пред четири и пол години кога таа во одредени дејности изнесуваше 8.800 денари.
Благодарение на тој раст како и растот на платите во сите сектори, просечната плата денес изнесува речиси 30.000 денари и е за 6.000 денари поголема отколку во 2017 година.
Граѓаните да не наседнуваат на лагите на ВМРО-ДПМНЕ, платите во сите сектори ќе се усогласат според Законот за минимална плата и утврдените рокови.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува со вистинска грижа за граѓаните и продолжува со реализација на мерки и политики што обезбедуваат заштита на животниот стандард и повеќе пари во семејните буџети.