fbpx

Честитка на претседателот Заев до српската заедница за празникот Свети Сава: Различностите се наше богатство и водилка кон развојот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, по повод празникот Св. Сава, испрати честитки до српската заедница и до припадниците на православната вероисповед што го празнуваат овој верски празник.

-Дозволете ми, од мое лично име и од името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на сите припадници на српската заедница во нашата држава  да им го честитам големиот православен празник, посветен на Свети Сава, со искрени желби за добро здравје, радост и благосостојба.

Славењето на овој голем празник кој е од посебно значење за српската заедница е потврда за нашите заложби за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување кое го негуваме во Република Северна Македонија.

Нашето општество е мозаик од вредности, мозаик од различности. Токму различностите се наше богатство, но и водилка кон развојот и напредокот на нашата држава која успешно покажува дека може да се гради како едно општество за сите.

Токму преку одбележувањето и славењето на празниците на нашите заедници ја одржуваме традицијата  на почитување на различните културни особености и заеднички се стремиме кон градењето на посветла и просперитетна иднина за сите граѓани.

Последни вести