fbpx

Градиме здравствен систем што се грижи за граѓаните, годинава започнува изградба на нов клинички центар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

За две и пол години, СДСМ покажа што значи вистинска грижа за здравството, лекарите и пацитентите. 
 
Преку одговорни мерки и политики градиме здравствен систем кој се грижи и нуди квалитетни здравствени услуги за сите граѓани.
 
Годнава започнува изградбата на нов клинички центар во Ѓорче Петров со целосно современа зграда и интегриран тип на услуги за да се обезбеди врвна здравствена заштита на пациентите.
 
Во текот на оваа година е предвидено купување на 70 нови возила на итната медицинска служба, но обновување на возниот парк ќе се спроведува континуирано секоја година од новиот мандат.
 
Платите на лекарите, специјалистите и медицинскиот персонал ќе продолжат да растат. Новата програма на СДСМ предвидува и зголемување на платите на здравствените работници до 10 отсто секоја година, со цел тие да останат тука, да пружаат услуги во јавното здравство. 
 
Посветеноста и сериозноста на СДСМ во создавање на функционален здравствен систем и овозможување брза и квалитетна услуга за пациентите продолжува. 
 
Продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните и по победата на 12 арприл.
Последни вести