Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ да не го политизира штрајкот на СОНК. До решение може да се дојде само преку социјален дијалог на репрезентативните синдикати и надлежните институции.
ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за плати. Во време на режмот на ВМРО-ДПМНЕ владееше споменичко лудило а работниците се сметаа за евтина работна сила, наставниците беа понижени и под постојан притисок.
Во изминатите неколку години СДСМ успеа значително да ги покачи платите, со што покажа грижа и дека го вреднува трудот на работниците, на воспитувачите, наставниците.
Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%.
Од 2016 година платата на вработените во градинките се зголеми за повеќе од 16% што во просек значи покачување од 4.300 за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките.
Дека знаеме да го цениме и вреднуваме трудот на работниците потврда е и последната одлука за ново зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Тоа е двојно зголемување, за 100% за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Заштитата на стандардот и интегритетот на наставниот кадар е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, токму овој дијалог очекуваме да биде стартната позиција врз основа на која ќе се унапредува статусот на вработените во воспитно-образовниот систем.