fbpx

Филипче од трибина Агенда Здравство 20-24: Денес не постои пацинет кој го нема потребниот лек

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Реформите во здравството воведени во изминатите години, сериозно придонесе кон овозможување поквалитетн живот на пациентите кои се снабдени со потребните лекови, како и на медицинскиот кадар со зголемување на платите и подобри услови за работа, заклучи министерот за здравство Венко Филипче, на денешната трибина на тема здравство којашто се одржува во Куманово.

Филипче потенцираше дека по укинувањето на квотите за лекови, што стартуваше прво во туристичките градови, а од октомври 2019 година и на цела територија на државата значително придонесе и за издавање на помал број на рецепти од страна на   матичните лекари. Тие сега повеќе може да се посветат на пациентите без да размислуваат како да ги снабдат со потребни лекови, рече Филипче.

Министерот за здравство потсети на лимитираниот пристап до лековите за пациентите со ретки болести, кои дури лично чекаат пред болниците да го добијат потребнниот лек.

“Сега нема пациент кој го нема потребниот лек. Буџетот за оваа намена се зголеми за два пати. Лековите значително го подобруваат животот на овие пациенти. Многу деца ги добија потребните лекови, меѓу нив е и Јане кој сите го знаете.

Направивме искечор напред и со пациентите на инсулинска терапија. Увезовме квалитетен инсулин и воведовме три нови видови наинсулини.

Квантен скок напред имаме и кај пациентите со хемофилија. Воведовме нов лек и сега наместо тие пациенти да одат во амбуланта три пати неделно, сега поткожно ја примаат терапијата само еднаш месечно. Замислете каков драстичен скок во квалитет е тоа, рече Филипче.

 

Последни вести