Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е партијата која како власт системски го уништуваше образованието, а како опозиција се противи на секоја мерка која ги унапредува условите за работа на наставниот кадар.
Додека од белиот дворец глумат загриженост за стандардот на граѓаните, градоначалниците од оваа партија трошат милиони евра на партиски вработувања и непродуктивни трошоци.
Ако толку беа загрижени, од белиот дворец ќе ги повикаа своите градоначалници парите наменети за вработувања да ги пренасочат за помош на граѓаните.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која знае само да партизира институции и да ги краде парите на граѓаните, СДСМ низ отворен инклузивен дијалог ги зголемува платите во сите сектори и обезбедува повеќе пари во семејните буџети.