Соопштение за јавност
Потребно ни е брзо, но не избрзано решение во преговорите со Бугарија, решение кое ќе биде засновано на реални основи. Позициите на државата се јасни и изгласани во Резолуциајта во Собранието, која ја поддржаа скоро сите партии, истакна членот на Извршниот одбор на СДСМ, Костадин Ацевски во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
Тој нагласи дека дополнително оптоварување на преговорите со шпекулации, без да се има предлог кој е прифатлив за двете страни не е потребно и сите добронамерни од двете страни, кои сакаат решение, не треба да го оптоваруваат процесот, туку да дадат поддршка за комрпмисно решение.
Црвените линии се определени, македонскиот идентитет и македонскот јазик се загарантирани. Кога ќе има конкретно решение, прифатливо за двете страни тоа ќе биде презентирано и во Собранието и во јавноста и кај нас и во Бугарија истакна Ацевски.
Ацевски додаде дека не може за секој чекор во преговорите да се отвораат дебати во Собранието и во јавноста, бидејќи така се одолговлекува и се отежнува целиот процес, впрочем македонското Собрание е во постојана блокада и опструкција и тоа личи на политички популистички фронт за опстукција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Се надевам дека ќе надвлаедее разумот и дека добронамерните сили ќе дојдат до израз и во Бугарија и кај нас ќе се спушти топката, ќе прекине тој опструкитвен просес, ќе најдеме заеднички јазик позиција и опозиција во однос на национален консензус за важните прашања за државата и очекувам кревање на ветото и отпочнување на преговори со ЕУ. Главна пречка е ветото од Бугарија, тука е потребно решение и ќе повторам дека е потребно брзо, но не избрзано решение, порача членот на Извршниот одбор на СДСМ, Костадин Ацевски во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.