Соопштение за јавност
СДСМ креира и реализира мерки и политики, кои обезбедуваат просперитет за сите граѓани, пред се за младите, подобрување на животниот стандард и повеќе пари во семејните буџети.
Со оваа мерка се опфатени сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование, кои се во работен однос во произведствена дејност.
Покрај младинскиот додаток, дел од системот мерки кои успешно беа спроведени и реализирани е и Младинската гаранција, која опфати над 20 илјади млади лица во целата држава, од кои досега се вработени околу 6.000 лица.
Усвоен и Законот за младинско учество и младински политики, со кој за прв пат се дефинира категоријата млади во државата, се дефинираат формите на младинско учество и претставување, регистарот на форми на младинско организирање, младинското учество, политиките и сервисите за млади.
Овој закон предвидува и поттикнување на волонтерство, младинска работа и активизам, поттикнување на личен, социјален и професионален развој, како и поттикнување и градење култура на заедничка работа помеѓу младите и институциите.
Потврда за сите заложби кои ги прави СДСМ и Владата изминатиот период е и намалувањето на стапката на невработеност кај младите на 35%, која е значително намалена во однос на 2016 година, кога во времето на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 48,2%.
Затоа на 12 април, граѓаните ќе ги поддржат политиките на СДСМ, кои овозможуваат младите да ја градат иднината во својата татковина.