Соопштение за јавност
„Највисокиот процент од Бруто домашниот производ доаѓа од секторот за информатички и комуникациски технологии и токму овој податок, треба да ни е уште една од силните причини повеќе да вложуваме во дигитализацијата”, потенцираше министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на вечерашаната трибина посветена на дигитализацијата.
Манчевски ги истакна придобивките од дигитализацијата за кои рече дека значително го подобруваат квалитетот на животот на сите граѓани, ги носат институциите и услугите до граѓаните и придонесуваатво борбата со корупцијата.
Дигитализацијата ќе овозможи сите лични документи, граѓаните да ги имаат на своите телефони со што веќе нема да има потреба долго чекање пред шалтерите.
„Време е личната карта и здравствената книшка да заминат во историјата“, рече Манчевски и додаде дека со нова технологија ќе се стигне до целосна идентификација од мобилен.
Манчевски најави и развој на 300 нови електронски услуги, како и изградба на Национална оптичка мрежа. Граѓаните ќе имаат услуга со ултра брз интернет било каде да живеат, по достапни цени. „Смарт сити платформа за сите градови“, најави Манчевски.