fbpx

Со понудата на Владата платите во образованието се зголемуваат за 31 отсто за четири и пол години, вака штрајкот се политизира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Продолжувањето на штрајкот негативно се одразува врз учениците и воспитно-образовниот процес и децата се држат во неизвесност.

Отсуството од наставата веќе извесно ќе доведе до пролонгирање на школската година, негативно ќе влијае врз уписите, како и врз полагањето на стручен испит на околу 500 наставници.

Понудата на Владата предводена од СДСМ е зголемување на платите од 10 отсто или 2.500 денари во просек.

Претходно низ партнерски дијалог во три наврати ги зголемивме платите во образованието за вкупно 21 отсто, со што со полсеното покачување платите во образованието и детската заштита ќе пораснат за 31 отсто за период од четири и пол години.

Тоа е многу повеќе споредено со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога за пет години платите во образованието се зголемија за само четири отсто, а оваа партија потроши стотици милиони еврра на споменици додека бројни училишни објекти и детски градинки се распаѓаа.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за платите и условите за работа во образованието и детската заштита.

Партијата која со години ги малтретираше и уценуваше наставниците, денес го политизира штрајкот на членовите на СОНК.

Интересите на учениците мора да биде на прво место, а штрајкот на СОНК да престане да се политизира.

Во најдобар интерес на учениците е тие да се вратат на настава што поскоро а образовниот процес да продолжи да се одвива непречено.

Последни вести