fbpx

Дополнителни 3.000 денари поддршка за ранливите граѓани, мнозинство предводено од СДСМ ги усвои законските измени, ВМРО-ДПМНЕ и Левица не гласаа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Парламентарното мнозинство предводено до СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита, со кои им се помага на граѓаните полесно да се справат со економските последици од глобалната криза.

Со овие измени околу 35.000 семејства приматели на гарантирана минимална помош во наредните три месеци ќе добиваат дополнителни 1.000 денари месечно на своите сметки.

Ова е една од низата мерки, кои СДСМ ги реализира во време на криза за заштита на стандардот на граѓаните, меѓу кои се и укинување на ДДВ за основните продукти и субвенционирање на сметките за електрична енергија.

Пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица уште еднаш ја покажаа својата неодговорност и ја напуштија салата кога се гласаа измените и дополнувањата со која ранливите категории граѓани добиваат дополнителна поддршка од 3.000 денари.

СДСМ континуирано на дело покажува вистинска посветеност во борбата против сиромаштијата и заштита на ранливите категории граѓани.

Последни вести