fbpx

Заев: Ги повикувам, сите политички партии, сите пратенички групи и претставници на независните пратенички групи да преземат одговорност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ

 

 

Носењето на Законот за Јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата. Тоа е европски успех и успех на правната држава.

Од страна на високи претставници на ЕУ се повеќе се нагласува потребата за носење на овој Закон и се поврзува со датумот за отпочнување на преговори со Унијата.

Сите демократски капацитети во државата и сите демократски сојузници на нашата држава се залагаат за законско решение кое ќе гарантира дека политичарите и политиката ќе бидат настрана од правосудството и дека политичарите нема да бираат обвинители.

За сите актуелни случаи и предмети без разлика на кого се однесуваат, вклучително и сите предмети и случаи на СЈО мора да се гарантира професионална и ефикасна разрешница.

Беззаконие и криминал мора да бидат соодветно третирани и професионално разоткривани и казнувани. Тоа е можно само со обвинителство ослободено од влијанието на политиката.

Затоа, ги повикувам сите политички субјекти, сите политички партии, сите пратенички групи и претставници на независните пратенички групи да преземат одговорност и да бидат решавачки фактор кога е во прашање правната држава и европската иднина на нашата земја.

Особено, ја повикувам опозицијата да се надмине себеси и со прифаќање на законското решение за јавното обвинителство, да докаже дека е против криминалот и дека е за владеење на правото.

Последни вести