fbpx

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да блокира се што е во интерес на граѓаните, тие се против отписот на камати и долгови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

 ВМРО-ДПМНЕ продолжува со штетните политики кои значат блокирање на сите проекти и решенија коишто се во интерес на граѓаните.

Уште една потврда за тоа е поднесувањето на околу 3000 амандмани за Предлог – законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој да Комисијата за финансирање и буџет,требаше да расправа, а потоа да се изнесе и на пленарна седница.

Откако со криминално работење ги заглавија општините и јавните препријатија со огромни долгови, ВМРО-ДПМНЕ сега продолжуваат и понатаму со негатива односно кочење на сите проекти кои значат рехабилитација на институциите, а се единствено во интерес на граѓаните.

Наспроти долгогодишното деструктивно раководење со институциите и таложење на долгови од страна на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ како одговорна партија, работи во интерес на граѓаните, предлага отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица.

Согласно тоа, Јавните претпријатија ќе имаат обврска да ги отпишат долговите на граѓаните, а државата обезбедува мерки кои ќе гарантираат развој и ефикасно функционирање на јавните претпријатија.

Овие две мерки се тесно поврзани и се во интерес на сите граѓани на нашата држава.

И овие мерки ќе значат нов почеток за сите, после систематското уништување на држава во периодот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година.

Затоа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да го штитат криминалот во нивните редови, да престанат да работат и да се однесуваат само за тесно партиски интереси и да ги повлечат илјадниците амандмани со кои сакаат да ги блокираат мерките што се во интерес на граѓаните.

Но и без разлика на деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, нашата држава, со нив или без нив ќе оди напред. Граѓаните тоа го знаат и затоа на 12 април ќе ги казнат сите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Последни вести