Соопштение за јавност
Во областа на заштитата на животната средина и борбата против загадувањето има видливи поместувања, свесноста е поголема, но потребно е вложување во начинот на греење и подобрување на енергетската ефикасност, истакна членот на ЦО на СДСМ и заменик министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули вечерва во Тетово на трибината Агенда Воздух 20-24.
Во 2019 година е извршена замена на начинот на затоплување во 45 јавни објекти, а во 23 е интервенирано во подобрување на енергетската ефикасност. Секако дека може подобро и побрзо да одат работите, затоа повикуваме и до граѓанските организации заеднички да направиме мапирање на вакви објекти кои се греат нееколошки. Тоа е патот по кој треба да продолжиме, истакна Макрадули.
Истовремено, координиранираните акции на инспекторатите дадоа резултати, тони бакарни кабли се фатени во Скопје и не се запалени, а сторителите добија прекршочни пријави и тоа е значаен придонес во борбата против загадувањето, заклучи Макрадули на трибината Агенда Воздух 20-24.