Соопштение за јавност
Претставникот на движењето Еко Герила, Аријанит Џафери на вечерашната трибина Агенда Воздух 20-24 која што во организација на СДСМ се одржува во Тетово порача инспекторатите за животна средина да добијат поголеми овластувања и зајакнати капацитети во борбата против загадувањето.
Потребно е зајакнување и зголемување на капацитетите на Царинската управа со цел да се прави темелна проверка на отпадот кој влегува во нашата земја. Но, за одбрана на животната средина клучно е функционирањето на правната држава преку целосна одговорност пред законите на оние кои свесно го загадуваат воздухот, нагласи Џафери на трибина Агенда Воздух 20-24 која што во организација на СДСМ се одржува во Тетово.