Соопштение за јавност
Нека каже Мицкоски колку назад му е доволно да ја врати државата назад за да му се оствари амбицијата „чекор назад“.
Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се залагаат за враќање на државата назад во режим, уцени и закани.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја вратат државата назад во изолација, надвор од демократскиот свет.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат држвата да ја вратат чекор назад кога беше скарана со соседите и избегнувана од странските државници.
СДСМ и граѓаните се за напред, затоа постигнавме договор со Грција за да ги отвориме перспективите во НАТО и ЕУ.
СДСМ и граѓаните се за напред кон развој и интеграција во едно општество за сите.
Граѓаните ја чувствуваат разликата и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе.