fbpx

Калеска-Ванчева: Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ ги држи граѓаните во заблуда, без Договорот од Преспа нема ниту НАТО ниту ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

ВМРО-ДПМНЕ е лицемерно бидејќи велат дека ќе го поништат Договорот од Преспа, а во истовремено велат дека интеграцијата во ЕУ и НАТО ќе ја ставеле на брза лента, што е несериозно бидејќи без Договорот од Препа нема ниту ЕУ ниту НАТО, истакна пратеничката во Собранието и претседателката на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“.

– Се почесто слушаме дека кога ќе дојде ВМРО ДПМНЕ на власт ако дојде дека тогаш преспанскиот договор ќе биде поништен а Северна Македонија ќе биде ставена на брза лента кон ЕУ. Ако тоа не е лицемерие, јас навистина не знам што е лицемерие Совршено јасно им е на сите, впрочем и во раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека не постои брза лента и дека без решение на спорот со името преку преспанскиот договор којшто го постигнавме такво нешто нема. Е сега дали и понатаму ќе го експлоатираме ова прашање или ќе се договориме и ќе кажеме она што е единствена алтернатива за доброто на државата ќе го ставиме на страна и политичката борба ќе ја водиме на други прашања, а не на прашањето дали треба да го поништуваме преспанскиот договор. Лицемерно е да се држат граѓаните во заблуда, кој е тој брз воз, ја видовме таа брза трака 30 години и совршено е јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема брза лента, истакна Калеска Ванчева.

Нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО, заклучи пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Последни вести