Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во вечерашното интервју за ТВ 21 истакна дека најавите за блокада на Собранието од страна на Христијан Мицкоски е најнеодговорниот чекор што еден претседател на политичка партија може да го стори во период кога државата како и целиот свет се соочува со најголема економска и енергетска криза.
„Ова што го прави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ е најнеодговорното нешто што може некој да го направи во време на најголемата светска, економска криза после Втората светска војна. Во услови кога има постојан раст на цените на енергенсите, на цените на храната и во услови кога гледаме во Европа сите политички субјекти се обединуваат околу наоаѓање начини за задржување на животниот стандард, во наоаѓање начини како низ регионални соработки да обезбедат доволно енергенси за претстојната зима. Ова однесување на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ е исклучително неодговорно, не само кон пратениците на кои практично им се прави мобинг да прават бојкот во Собранието, затоа што пратениците не се избрани од партија, туку од граѓаните и тој бојкот или активен бојкот како што го нарекуваат практично нема да нанесе штета на Владата или на самото собрание тоа ќе нанесе штета на граѓаните. Собранието е место каде што треба да се носат закони, да се унапредуваат тие закони и каде што треба да се носат брзи решенија заради справување со кризата. Спротивно на тоа е бојкотирање и блокирање.“ посочи Ковачевски.
Претседателот Ковачевски порача дека блокадите од ВМРО-ДПМНЕ не се ништо ново и дека тоа се случува постојано во изминатите две години.
„Доколку ги погледнете законите во Собранието тоа што сега јавно го кажува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ веројатно заради тоа што некому нешто должи затоа што ветувал некаде нешто сега мора да прави блокади, ако го погледнеме Собранието тоа не е ништо различно од тоа што се случуваше досега.“ заклучи Мицкоски.