Соопштение за јавност
Најавата за засилени блокади на Мицкоски е најнеодговорниот чин во време на најголема економска и енергетска криза после Втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира неколку десетици закони во интерес на граѓаните меѓу кои и Законот за Клиничкиот центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата.
Ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните не е ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
СДСМ, парламентарното мнозинство досега наоѓале начин за надминување на блокадите, така ќе биде и сега.
СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски државата да ја држат во заложништво заради лични и партиски интереси.