fbpx

СДСМ има план како да се спротивстави на блокадите од ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Бесрамните најави на Мицкоски за засилени блокади е најнеодговорно однесување во време на најголемата економска и енергетска криза после Втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира неколку десетици закони во интерес на граѓаните, меѓу кои и Законот за Клиничкиот центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата.

Блокадите, деструкциите на штета на граѓаните е однесување коешто континуирано ја отсликува политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, парламентарното мнозинство, досега наоѓале начин за надминување на блокадите, така ќе биде и сега.

СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски заради лични и партиски интереси да ја држат државата во заложништво.

Имаме план како да се справиме со блокадите и потребните законски измени да бидат донесени во интерес на граѓаните и државата.

Последни вести