fbpx

Како претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ дозволила да се почне со изградба на болницата во Штип без систем за електрика?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Партијата ВМРО-ДПМНЕ – синонимот за најголемиот криминал да престане да манипулира со граѓаните и повикуваме Обвинителството слободно да го истражи непостоечкиот случај со Клиничката болница во Штип.

Со стапувањето на функција на министерот за здравство Венко Филипче затекнат е нецелосен проект на којшто недостасува една цела фаза на електрика во машинството за изградба на болницата во Штип.

За да стане појасно, предвидените дополнителни 7 милиони евра за штипската болница се неопходни заради имплементација на фаза на електрика во проектот за машинство

Оттаму, бараме одговор на следново:

– Како претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ започнала изградба на болницата на нецелосен проект каде недостига системот за електрика?

– Кој дозволил да се отпочне со изградба без систем за електрика?

– Како може болница да функционира без електрика? Како може пациентите да ја добијат здравствената заштита во болница без електрика?

ВМРО-ДПМНЕ за 11 годишното владеење остави цунами во јавното здравство. Здравствени работници без зголемени плати и пациенти без лекови.

ВМРО-ДПМНЕ за 11 годишното владеење остави урнисан здравствен систем без подобрени услови за работа во јавно-здравствените установи.

Единствено ВМРО-ДПМНЕ што направи е што пушти во реализација проект за изградба на болница во Штип без систем за електрика. Тотален аматеризам.

Следната прес-конференција на оваа тема, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја одржи пред својот партиски штаб, затоа што одговорите треба да си ги бараат од белата палата.

Повикуваме Обвинителството да го истражи случајот со болницата.

 

Последни вести