fbpx

Поцеска: По декада лошо водење, ситуацијата со културното наследство не е идеална и затоа се потребни огромни зафати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

По она што се случуваше во последната декада кај културното наследство, без стратегија, со закони без анализа и лошо финансирање и структурирање на кадрите, состојбата не е идеална. Затоа потребни се огромни зафати во оваа дејност и тоа преку стратегија, закон, реформа и финансирање во областа на културното наследство, кое изминатата декада беше злоупотребувано за политички цели, истакна советник конзерваторката Валентина Поцеска, на трибината Агенда Култура 20-24, во организација на СДСМ

Поцевска се заложи за демократски закон, со кој ќе се врати автономијата во дејноста и ќе ја заштити од политичките центри на моќ, како и за образование на кадри, бидејќи кај нас нема факултет за конзерваторство.

Инвестирањето во заштитата на културното наследство, е пред се доминантно државно, но треба да се воведат нови алтернативни начини за финансирање, даночни олеснувања, да се обучат кадрите како да се вклучат во меѓународни фондови, посочи Поцеска.

Според неа треба да се направи систем на категоризација на културно наследство и да се работи на неговата валоризација, бидејќи досега е валоризирано само 10% од нашето богато културно наследство.

Потребна е радикална, планска стратегија на државата, но и во самите установи, која ќе ги врати професионалноста, ентузијазмот и вработување нови кадри, за да се избегнат ситуации како сега кога имаме конзерватосрки центар без конзерватори, истакна советник конзерваторката Валентина Поцеска, на трибината Агенда Култура 20-24, во организација на СДСМ.

Последни вести