Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски не се откажува од блокадите и деструкциите, се надева дека вештачки ќе создаде поличка криза и ќе придизвика штета врз граѓаните.
Очигледно посакува земјата да не напредува, да не успее, да има проблеми. Дури и самиот Мицкоски вели дека процесот блокади и деструкции ќе биде долг, тој е среќен само тогаш.
Но, и на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ треба да им е јасно дека нивните блокади нема да успеат.
Вчера во Собранието пропаднаа нивните блокади, дневниот ред се изгласа, седницата продолжува.
Освен што ја одолговлекуваа работата и дискусијата за дневен ред траеше цели два дена, ништо друго не постигна ВМРО-ДПМНЕ.
На ист начин ќе пропаднат и следните најавени нивни блокади.
СДСМ, со институциите, со граѓаните, нема да дозволи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад.