Соопштение за јавност
СДСМ останува посветена на обезбедување што повеќе пари во секое семејство.
Во таа насока е и растот на платите кој продолжува и во новата 2020 година.
Веќе од следниот месец, февруари, повисоки плати добиваат вработените во здравството. Тоа значи повисоки плати за специјалистите за 25%, општите лекари 15%, медицинските сестри 10%, здравствените соработници 5% и помошно техничкиот персонал за 5%.
Севкупно, над 18.000 вработени во јавното здравство од следниот месец добиваат значително повисоки плати.
Освен во здравството, покачување на платите има и во образованието, односно кај наставниот кадар и тоа од овој месец.
Вработените во основното, средното и високото образование добиваат повисока плата за 10 %.
Тоа значи дека околу 32.000 граѓани вработени во образованието и науката добиваат повисока плата.
Политиките на СДСМ во економијата, овозможуваат и повисоки плати во приватниот сектор, преку субвенциите на придонеси до 6.000 денари и младинскиот додаток до 3.000 денари во производството.
СДСМ ги продолжува политиките преку кои се инвестира во човечкиот капитал. Преку задоволни и мотивирани работници до доволно силен економски напредок.
Со СДСМ платите растат многу побрзо, а економијата е постабилна и поконкурентна. Граѓаните ги препознаваат овие заложби и затоа на 12 април ќе потврдат дека сме на вистинскиот, правиот пат.