fbpx

Лицемерната ВМРО ДПМНЕ треба да знае дека вистинската грижа не е парада за пред камери

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На лицемерието на ВМРО ДПМНЕ нема крај. Партијата којашто на секој начин се обидуваше да го сруши процесот на деинституционализација, сега ја праќа својата министерка да се фотографира со децата во малите групни домови и да покажуваат пред јавноста колку се грижат за нив.

Грижата не значи парада пред камери за лајкови туку вистинска и целосна посветеност на процесот кој што се покажа повеќе од успешен. Со овој процес 180 деца коишто живееа во сиви и гломазни институции, целосно запоставени и заборавени дека постојат за помалку од две и пол години Министерството за труд и социјална политика раководено од Мила Царовска и нејзиниот тим во којшто беше дел и актуелната дополнителна заменка министерка Санела Шкријељ успеа да ги пресели во мали групни домови со семејна атмосфера. Во институциите нема веќе деца, сите живеат во топол дом.

СДСМ како владејачка партија се гордее со овој процес и секој граѓанин во државата е свесен што се направи Царовска истиот да успее.

Да продолжиме сите заеднички да работиме за доброто на сите деца во оваа држава.

 

 

Последни вести