Соопштение за јавност
Погрешен пристап на ВМРО-ДПМНЕ во услови на кризи во Европа е да блокира само заради внатрепартиски причини, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за најавените нови блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски додаде дека Владата работи на справување со последиците од кризата, да ги намали ценовните шокови, да ги поддржи граѓаните и компаниите, да обезбеди нормално снабдување.
„Сметам дека тоа е апсолутно погрешен пристап во време на вакви кризни услови во Европа. Вие ги гледате изјавите на сите лидери во Европа меѓутоа и сите лидери во соседството дека се работи зи иклучително кризен период, не очекува исклучително тешка зима и Владата работи на обезбедување на се што е потребно да ценовните шокови бидат што помали за граѓаните и да се обезбедат енергенси кои што ќе обезбедат прво непречено снабдување на домаќинствата меѓутоа исто така и непречено снабдување на индустријата. Исто така ние сме во подготовка на ребалансот којшто се прави исклучително одговорно од причина што Министерството за финансии работи на намалување на сите трошоци кои што не мора да бидат направени, се со цел да има средства за најранливите категории на граѓани и за поддршка на компаниите кojјшто веќе мерки почнаа да се реализираат преку банката за развој.“ рече претседателот Ковачевски.
Тој оцени дека блокадите на ВМРО-ДПМНЕ се од политичките причини заради внатрепартиски позиции во самата опозициска партија и додаде дека други опозициски партии имаат поодговорен пристап.
„Пристапот на ВМРО-ДПМНЕ, до сега велев опозицијата меѓутоа очигледно е дека не е опозицијата дека се работи само за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ги гледаме другите политички партии којшто имаат поодговорен пристап од опозицијата. Ова го прават чисто од политички лични причини се со цел заради обезбедување на некакави си внатрепартиски позиции во самата партија.“ рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ и премиер уште еднаш ги повика сите пратеници да бидат одговорни и интересот на граѓаните да го стават на прво место, пред интересот на партијата.
„Јас уште еднаш повикувам сите пратеници во Собранието да бидат на ниво на одговорноста којашто ја имаат не пред партија туку пред граѓаните. Со оглед на тоа дека Собранието треба да работи за да се носат закони којшто значат унапредување и на стандардот и задржување на стандардот на граѓаните меѓутоа и овозможување на подобри услови за компаниите во ова кризно време. Собранието е место каде што сите политички партии имаат застапеност, Собранието е место каде што постојат комисии за сите области во општествениот и економскиот живот каде што на нај демократски начин може да се разговараат сите законски решенија, можат да се унапредуваат сите законски решенија и исто така Собранието е место каде што треба да се негува демократијата, каде што треба да се разговара токму за тоа што го кажав а не да се користи за блокирање и бојкотирање бидејќи тоа не носи никому ништо добро.“ рече Ковачевски.