Соопштение за јавност
Бидејќи градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од шест месеци не работат ништо, Христијан Мицкоски денеска повторно промовираше проект оставен од претходните локални власти на СДСМ.
Проектот за изведба на атмосферска канализација на улицата Манчу Матак со вкупна должина од 808 метри е со обезбедени средства и изработен проект од претходната општинската администрација предводена од СДСМ, исто како и проектот за реконструкцијата на улицата, кој почна да се реализира во август 2021 година.
За да биде се транспарентно онака како што преферира ДПМНЕ, јавноста треба да знае дека изведбата на атмосферската канализација со колектор на ул. ,,Манчу Матак“ во Хром, со вкупна должина од 808 метри е со средства обезбедени од претходната политичка гарнитура и изработен проект од општинската администрација.
Манчу Матак е дел од проектот за Реконструкцијата на четири, финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка), а спроведуван од страна на Министерството за финансии, кој почна да се реализира во август 2021година.
Тоа граѓаните го знаат, а знаат и дека градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски во изминатите шест месеци не успева ниту да ја одржува чиста општината, а не пак да реализира макар и еден проект кој го вети во својата изборна програма.
Затоа пред својот шеф Мицкоски промовира проекти за кои нема мрднато со мал прст.
Но и тоа не е ништо ново, слични вакви фалби на Мицкоски со започнати проекти од СДСМ јавноста виде и во општина Охрид и во Општина Прилеп.
Партизација на општините, потрошени стотици илјади евра на непродуктивни трошоци е сето она што градоначалниците го сработеа во првите шест месеци од мандатот.